Могерини им понудила помош на партиите за разрешување на политичката криза

Завршија средбите на Федерика Могерини со претставниците на парламентарните политички партии во Македонија. Според изјавите на лидерот на ДПА Мендух Тачи и на Беса Биљал Касами таа искажала загриженост и подготвеност ЕУ да помогне.

„Пораката на Могерини беше јасна дека во ваква ситуација нема да не остават сами, во ситуација кога се паднати институциите. Ние имаме договор за стабилизација и асоцијација и нивната поддршка ќе биде согласно тој договор “ рече Касами.

Според  Тачи , сите пријатели на земјава биле загрижени.

„Да дадеме сите придонес да се разреши оваа ситуација. Пораката на Могерини беше дека вратите на Европската унија се отворени за Македонија “ рече Тачи.

Од Собранието Могерини замина во претседателската вила на средба со Претседателот Ѓорге Иванов.