Монфис се повлече, играат Ѓоковиќ – Гофан

Денеска во 15 часот во арената во Лондон, на тенискиот терен ќе се состанат србинот Новак Ѓоковиќ и белгиецот Давид Гофан откако французинот Гаел Монфис се откажа од натамошните натпревараи заради повреда.

Ѓоковиќ го игра третиот меч против Давид Гофан во групата ,,Иван Лендл” на завршниот турнир во Лондон каде ја брани титулата и атакува повторно на првото место на светската ранг листа.

Новак веќе обезбеди полуфинале што се игра во сабота и тоа од позиција на прво место во неговата група, но секоја победа носи нови 200 бодови.

Ѓоковиќ и Гофан досега играле 4 пати, и во сите 4 мечеви славеше српскиот тенисер.