Светиот архиерејски синод на МПЦ-Охридска архиепископија, упати инструкција до Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Автралиско-новозеландски г.Петар, и до владика Тимотеј, кој е и Администратор Австралиско-сиднејски, да ја проследат одлуката до инволвираните страни што се тужат долги години на Австралискиот континент.

Според инструкциите, Синодот наложува , судскиот спор меѓу владиката Тимотеј и тужените(Митрески, Македонска православна заедница црква ,,Св.Петка“, преку своите адвокати да се договорат за досега направените трошоци, да се утврди рок и начин на исплата и спорот до крајот на 2017 година да се прекине.