Мразот ги уништи рсцветаните овошки во Преспанскиот регион

Мразот и температурата под нулата речиси го уништија годинешниот род јаболка во Ресен и околината. Овоштарите во Преспанско изминатата ноќ ја поминаа бдеејќи во своите овоштарници палејќи огнови во надеж дека ќе ја спречат минатогодишната катастрофа.
Имено, ова се случи и лани. Ланската штета беше проценета меѓу 10 и 100% зависно од местоположбата, или загубите на овоштарите беа проценети на   23 милиони евра.
 
Беше ветено обештетување, но овоштарите не добија ниту денар.
Изминатата ноќ температурата се спушти до -5 степени, па иако овоштарите  палеа огнови, прскаа, ништо не помогна, утрината цветовите на овошките беа измрзнати и целите во иње.
    
Вечерва се очекува температура до -6 степани, а земјоделците се подготвуваат да поминат уште една ноќ на отворено во своите овоштарници.Кај преспанчани владее големо разочарување и не очекуваат дека ќе добијат каква било помош од владата.
Во овој крај околу 80 % од домаќинствата живеат од одгледување и производство на јаболка.
Ако.мк