Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја имаше улогата на голман на  хуманитарен натпревар на кој се прибираа средства за зафатените од големиот пожар на Гринфил кулата во Западен Лондон. Тој ги одигра последните 30 минути како голман.

На хуминарниот меч кој се одигра на стадионот на Квинс Парк Ренџерс, „Лофтус роуд“, се сретнаа тимовите на Лес Фердинанд и Алан Ширер, а пожарникари и четворицата преживеани исто така беа на терен. Мурињо бранеше за тимот на Ширер и прими гол во регуларното време. Натпреварот заврши 2:2, а при изведувањето на пенали, менаџерот на Јунајтед не одбарани ниту еден удар и неговиот тим загуби 3:5.