Тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Муришо, вчера по поразот од Реал Мадрид, веднаш откако му беше ставен сребрениот медал на вратот од претседателот на УЕФА, тој го симна  и се упати кон трибините. На радост на едно дете навивач, тој му го подари, што беше примено со воодушевување од фановите на англискиот клуб.

На прес-конференцијата, Португалецот го образложи потегот и изјави дека нему медалите не му се важни, а на детето – му е како месечината.

,,Некогаш,дури и кога победувам, не ги чувам медалите,па замислете кога губам. За тоа дете медалот е како месечена. Тоа беше детенце со дрес од Манчестер Јунајтед..Ќе го памети тоа цел живот“-изјави Мурињо.