Муса Џафери бил незаконски прислушуван 1658 денови!

 

СЈО поседуваат податоци за многу незаконски следени лица, а меѓу нив Гордана Јанкуловска , Миле Јанакиевски , Али Ахмети, Мендух Тачи, Љубе Бошковски,биле незаконски следени со стотици денови, додека шампион е  Муса Џафери со 1658 денови.

Исто така незаконски бил прислушуван и директорот на Комерцијална банка Хари Костов, дури 732 дена!

Никола Груевски и Сашо Мијалков не биле незаконски следени. Нивните разговори што се слушаа во јавност се напаравени со лица чии телефонски броеви се следени без судска натредба.

СЈО нема да  побара посебни мерки за обезбедување на осомничените лица во ,,Таргет,, бидејќи ценат дека во овој момент нема потреба за тоа. Оцена на јавниот обвинител е дека осомничените немаат начин да го повторат делото или да влијаат на сведоците, но доколку се забележат некои поинакви дејства веднаш ќе се реагира.

Обвинителката Ленче Ристовска отфрли секаква намера да влијаат на изборите со оглед на тоа дека за два дена започнува изборната кампања. Таа рече дека тие не работат по ничија нарачка , а објавуваат оној момент кога ќе ги обезбедат сите докази за одреден предмет што е случај и со најновиот.

Нашата работа е исклучиво професионална, а имаме должност да ги објавиме сите наоди за кршење на закони -рече Ристовска.