Набљудувачите на ЦИВИЛ се бркани и шиканирани на гласачките места

Џабир Дерала од невладината ЦИВИЛ на прес конференција извести дека од отворањето на гласачките места во 7 часот досега се регистрирани над 60 пријави од граѓани за разни неправилности во текот на изборниот процес. Тој побара помош од ДИК заради непријателското однесување на членови на избирачки одбори и претставници на политички партии кон набљудувачите на ЦИВИЛ. Повеќе нивни набљудувачи се отстранети од избирачките места иако имаат уредни акредитации, навредувани се или пак провоцирани.

Член на избирачки одбор во едно село гласал јавно и го покажал гласачкото ливче, а потоа го прашал набљудувачот на ЦИВИЛ дали и тоа ќе го евидентира.

Потоа, претставник на политичка партија во Липково седнал на место на член на ИО и ги прозивал гласачите по име.

Во Брњарци е забележано гласање за друг.

Дерала информираше дури за 120 пријави во текот на ноѓта за поткуп на гласачи.