Надал го освои УС Опен

Рафаел Надал без загубен сет го доби финалето против Кевин Андерсон на Ју-Ес Опен и на убедлив начин стигна до својата 16 грен-слем титула.

Со резултат 6:3, 6:3, 6:4, тој го совлада Јужноафриканецот и освои чек од 3,4 милиони долари. Потврда за неговата доминација е и фактот што Андерсон немаше ниту една брејк топка во текот на финалето, a Надал тоа го искористи и за два и пол часа се врати на тронот на УС Опен.