Надал и Федерер лесно до осминафиналето на УС Опен

 

Главните фаворите за освојување на победничкиот пехар, Рафаел Надал и Роџер Федерер со многу подобра игра од претходните мечеви, лесно ги победија своите противници и се пласираа во осминафиналето на престижниот Грен Слем турнир, УС Опен.

Светскиот рекет број еден Рафеал Надал обезбеди пласман во наредното коло откако со 3-1 во сетови (6-7, 6-3, 6-1, 6-4) славеше над Леонардо Маер. Шпанецот  имаше нервозен почеток, поради кој го загуби првиот сет во тај-брејк, но затоа по него брзо влезе во ритам и го „збриша“ ривалот од Аргентина.

Нареден ривал на Надал  ќе биде Александар Долгополов од Украина.

И Роџер Федерер одигра далеку подобар меч од претходните два и обезбеди пласман во осминафиналето. Швајцарецотбеше поуспешен од Фелисијано Лопез, кого го совлада со сигурни 3-0 (6-3, 6-3, 7-5).

Во наредното коло Федерер ќе игра со германскиот тенисер Филип Колшрајбер.