Нападнат германскиот конзулат во Авганистан

Во напад врз германскиот конзулат во авганистанскиот  град Мазар и Шариф, убиени се неколку цивили, неколку се ранети, но сите германски државјани што работеле таму се спасени.

View image on Twitter

Ројтерс јавува дека одговорноста за нападот ја презеле талибанците. Нападот е извршен со автомобил бомба. Бомбашот самоубиец се забил со автомобил во ѕидот од конзулатот.

Загинаа најмалку две лица, а повеќе од сто се ранети. Талибанците објавија дека ова е одмазда за американскиот воздушен напад , неодамна во провинцијата Кундуз кога загинаа 32 цивили.