Наскоро нов јавен повик за гасификација

Владата донесе одлука да ја започне постапката за објавување јавен повик за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа на целата територија на Македонија, по пат на јавно приватно партнерство.
Со одлуката се предвидува зголемување на концесијата од 20 на 30 години и намалување на цената на приклучокот за граѓаните од 100 на 80 евра. Останатите средства ќе бидат субвенционирани од Владата.
Причина за објавувањето на новиот повик, според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, е новонастанатата ситуација на светскиот пазар на гас.