НАТО во Црна Гора, Русија во Србија

Големи воени вежби се изведуваат истовремено во Црна Гора и во Србија. Колку се воено подготвени и силни во наредните десетина дена ќе се докажуваат меѓусебно земјите членки од НАТО сојузот на воена вежба во својата идна членка и Русија заедно со Белорусија во сојузништво со војската на Србија во заедничката вежба Словенско братство.

Овие вежби предизвикаа огромна заинтересираност во домашната и светската јавност, со оглед на тоа што ниту местото ниту терминот не се случајни.

Сепак србија потенцира дека добро соработува и со НАТО и со Русија, но инсистира на тоа дека тие ќе останат воено неутрални.