Северноатлантската Алијанса најави дека ќе го замени неодамна подигнатото црногорско знаме пред нејзиното седиште со што земјата официјално стана 29 земја членка.

Според подгоричкиот весник Дан, пред седиштето на НАТО било поставено знаме со погрешни симболи. Имено, на оригиналното и официјално знаме на Црна Гора на крилото од орелот има 13 пердуви, додека на знамето што се виори пред НАТО 14. Исто така, и златната боја на грбот е бледа со црна текстура, така што тешко дека може да се зборува за златен грб, како што е опишан во Уставот на Црна Гора.

,,Оваа недела целата Алијанса го славеше влегувањето на црна Гора во НАТО. Тоа со знамето е несреќна грешка, за што изразуваме жалење. Ќе ја исправиме грешката, така што ќе го смениме знамето, кое не е во целост со спецификацијата на официјалното црногорско знаме“-изјави портпаролот на НАТО Пјер Казалет.