НАТО очекува СДСМ да го добие мандатот од Иванов

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, порача дека очекува од македонските политички лидери и од Претседателот Ѓорѓе Иванов, да се придржуваат на Договорот од Пржино.

Сега има доволно пратенички потписи и по првиот неуспешен обид да се состави Влада, сега би требало тоа да не е проблем-вели Столтенберг.

„Изборите во декември од страна на меѓународните набљудувачи беа дефинирани како суштински чекор за решавање на кризата. Изборите беа оценети како добро организирани и без поголеми инциденти. По еден обид да се формира влада, а во согласност со барањата утврдени од страна на претседателот, сега се собрани доволно потписи од пратениците.

Очекувам властите во Скопје да го исполнат следниот чекор во демократскиот процес. Ги повикувам сите страни на воздржаност во изјавите и дејствија и да донесуваат одлуки за доброто на сите граѓани“, се наведува во изјавата на Генералниот секретар на НАТО.

Линк до оригиналната изјава на Столтенберг на официјалната интернет страница на НАТО