Како и во претходните, така и оваа година, стотици деца од предучилишна возраст во општина Ѓорче Петров не можат да се запишат во градинките, бидејќи за нив нема место и тие остануваат заглавени на списоците за чекање .

Покрај тоа што се преполни, дел од градинките во општината се дотраени и се без елементарни услови за непречена работа. Таков пример за дотраена градинка е и оваа градинка во Дексион што се наоѓа зад нас.

Поради ограничениот капацитет на постојните градинки и недостатокот на нови објекти родителите се приморани сами да се снаоѓаат и своите деца да ги остaват кај нивните баби и дедовци или пак од свој џеб да плаќаат дадилки-рече кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

,,И покрај бројните апели, локалната власт во заминување предводена од Сокол Митровски, не најде за потребно да го реши овој проблем и да им помогне на граѓаните. Се потрошија милиони евра пари на граѓаните, а продолжената рака на Никола Груевски, Сокол Митровски зад себе остави преполни и нефункционални градинки.

Затоа, по промената на локалните избори, новата локална власт предводена од СДСМ веднаш ќе се зафати со решавање на овој горлив проблем. Новата локална власт предводена од СДСМ, во соработка со Владата и Министерството за труд и социјална политика, ќе обезбеди доградба и реконструкција на постојните објекти заради зголемување на капацитетот на места за упис на деца. Дополнително, ќе се обезбеди и маркица за нова градинка во Волково за изградба на нова градинка, а во меѓувреме ќе се изнајде соодветно решение за адаптација на соодветен простор до изградбата на новата градинка.

Ѓорче заслужува нова локална власт, која што ќе работи домаќински и ќе се води од интересите на граѓаните, а не од интересите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како што беше досега“-рече Наумоски.