На полуфиналниот натпревар од тенискиот турнир во шведскиот град Баштад, се случи инцидент кога еден маж излезе на теренот во текот на играта и почна да вика ,,Hell Seger” –  односно “Sieg Heil” или Хајл победа.Беше отстранет  во моментот кога се обиде да ја запее нацистичката химна.

Очигледно беше непријатното изненадување кај Федерер, кој дури се одалечи во страв, неколку чекори назад.

Нејасно е што сакаше да постигне овој човек со нацистичкиот испад, но публиката силно негодуваше.Натпреварот продолжи, а Федерер се пласираше во финалето/.