Најбогат Македонец во светот е Мајкл Илиќ, во Македонија Орце Камчев и Минчо Јорданов

Магазинот Форбс ја објави листата на најбогати луѓе во светот, а меѓу нив и на Балканот. Орце Камчев е најбогатиот македонски бизнисмен со капитал од 238 милиони долари, а по него е Минчо Јорданов со 234 милиони долари.

Но, сепак, тие двајцата и другите по нив од македонската листа на богаташи, не му се ниту до коленици на најбогатиот Македонец по потекло во светот -Мајкл Илиќ. Илиќ ,,тежи” 6,1 милијарди долари!

Мајкл Илиќ е син на сиромашни македонски доселеници во Америка на почетокот на минатиот век- Сотир и Султана. Тој е сопственик на два спортски тима од Детроит.

Илиќ е роден во 1929 година, а како младо момче бил маринец во американската војска и бејзбол играч. Тој е сопствениок синџирот пицерии “Little Ceasars” , трет по големина во САД. Негови се  хокеарскиот тим- Детроит Ред Вингс  и бејзбол тимот – Детроит Тајгерс.

Мајкл Илиќ е роден во 1929 година во Детроит, непосредно по доаѓањето на неговите родители Султана и Сотир, кои од Македонија отишле во Америка да побараат за себе и своето семејство егзистенција.

Основно и средно училиште завршил во родниот Детроит, а потоа 4 години провел во редовите на американските маринци.

Кога се вратил дома играл бејзбол за Детроит Тајгерс. Откако морал да го напушти овој спорт заради повреда на коленото, со сопругата во 1959 година ја отвориле првата своја пицерија , која на инсистирање на Маријана била наречена ,,Малиот Цезар,, како што таа на шега го нарекувала него.

Отогаш, нивниот синџир пицерии се развива во трет најголем во САД по Пица Хат и Доминос, а главна рекламна кампања со која успеале била,,Пица, пица,, односно за една купена давале една бесплатна пица.

 

Tipična picerija iz lanca "Little Caesars" koji je u vlasništvu Majka Ilića, sina makedonskih imigranata. Foto: Wikimedia Commons/Mrmiscellanious

 

Маријана и Мајкл имаат 7 деца. Познати се по своите филантропски активности. Во последните години се обидуваат да го оживеат Детроит по банкротирањето во економската криза пред десетина години, заради што се многу ценети не само во државата Мичиген, туку и во цела Америка.

(Telegraf.rs)