На полноќ изборен молк, завршни митинзи на СДСМ во Охрид, ВМРО ДПМНЕ во Скопје

Денеска завршува изборната кампања за локалните избори , а вечерва на полноќ стапува во сила изборниот молк.

Гласањето ќе се одвива во недела , на 15 октомври, по што ќе се знае сликата на советите на општините, но не и на сите градоначалници, бидејќи отаму каде што нема да има над 50 проценти освоени гласови, ќе се оди во втор круг, кој ќе се одрѓи за две недели.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе ја заокружи кампањата со средби со граѓани во Дебрца и Вевчани и со митинзи во Струга и Охрид. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има завршен митинг во Скопје.

Локалните избори ќе се спроведат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Право на глас на претстојните локални избори имаат 1.814.644 гласачи.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29-ти октомври.