На синдикатот на ,,Водовод..“ не му пречи лажната диплома на Атанасов

Наместо одговорност и итно разрешување на директорот на Водовод и канализација Александар Атанасов по невидениот скандал со неговата лажна диплома, инструирани и поданички синдикалци од внатре излегоа со соопштение да го бранат.

Тие се многу задоволни од својот директор и велат имале извонредна соработка.

„Ние како Синдикат во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје имаме извонредна соработка со Александар Атанасов. Во овие 2,5 години сите наши барања во насока на подобрување на условите за вработените се ислушани. Се обнови возниот парк, се набави нова механизација, само за ХТЗ опрема за вработените во овие години се вложени 20 милиони денари, се набавија и нови униформи за инкасаторите и шалтерските работници итн.
Овие последни 2-3 години за повеќе пати е подигната безбедноста на вработените и условите во кои работат. Има дисциплина која во минатите години ја немаше, се почитуваат правилата и прописите. На некои тоа не им одговара, односно би кажале на не работниците, кои биле во ЈП Водовод и канализација – Скопје и кои со своето незалагање и неработење биле товар на претпијатието, Град Скопје и граѓаните“, се вели во ова соопштение.

Градоначалникот Коце Трајановски и самиот Атанасов молчат. Во јавноста се се погласни шпекулациите дека Александар Атанасов е братучед на Боркица Груевска и дека тоа е неговата ,,диплома“ за директорското место во ова Јавно пшретпријатие.