На Хаити стотина настрадани, во САД 10 мртви

На Хаити сеуште не го знаат точниот број на жртви од ураганот Метју кој пред три дена ја погоди оваа островска земја.

Некои подрачја таму сеуште се отсечени и не се достапни.

Бројот на настрадани во САД се зголеми на 10.

Властите денес соопштија дека бројот на настрадани од ураганот на Хаити е 336, но според пишувањето на светските медиуми тој број е речиси три пати повеќе.