На Шарапова и се заканува седумгодишна казна затвор

 На тениската суперзвезда Марија Шарапова, и се заканува седумгодишна казна затвор за мамење околу продажба на луксузни станбени објекти во Индија.

Повеќе светски медиуми пренесуваат дека нејзиното име се поврзува со скандал околу продажба на луксузни објекти, кои требало да бидат завршени до 2016 година, но проектот воопшто не е почнат.

Една клиентка која требало да купи куќа, се жалела до суд дека била измамена од компанијата “Ballet By Sharapova”.

„Не само што Шарапова агресивно ги промовирала активностите околу овој проект, туку таа и јавно го поддржала со што станала дел од измамата”, изјавила клиентката пред судот.

Доколку биде осудена, покрај затворската, Шарапова може да добие и голема парична казна.

Продолжението на судењето во Индија е закажано за 23 ноември.

РТС