На 11 и 12 декември средба на преговарачите за името Наумовски и Василакис

Средбата на посредникот од ОН во преговорите за името, Метју Нимиц, со преговарачите од Македонија и на Грција е закажана за 11 и 12 декември во Брисел. Информацијата ја потврди и портпаролот на генералниот секретар на ОН.

„Средбата е дел од напорите на ОН зда им се помогне на двете страни да најдат заеднички прифатливо решение за прашањето на името“, се наведува во соопштението од канцеларијата на Нимиц.

Првично разговорите беа планирани за наредната недела, но беа одложени и презакажани за декември, на барање на грчката страна.

Македонскиот амбасадор во САД, Васко Наумовски, засега останува преговарач во овој спор.