НДМ ги направи правно неписмени членовите на ДИК

По отфрлањето на сите 6 + 1 пратенички листи од страна на ДИК,  Народно движење за Македонија  на Јанко Бачев ја информира јавноста дека причините за отфрлање на кандидатските листи во сите седум изборни единици, како што велат, се резултат на правна неписменот на членовите на ДИК или на партиска директива да одлучат според логиката на политиката а не според логиката на правото.

Прво, не е точно дека има несовпаѓање на потписи на кандидатите. Второ, не е точно дека постои лице кое не евидентира во Избирачкиот список. Трето, не е точно дека листите содржат поголем број на кандидати од законски утврдениот број. Четврто, не е точно дека на листите има кандидат М.Ф. со недоставено уверение за неосудуваност. Петто, не е точно дека кандидат за пратеник може да менува содржина на Уверение за неосудуваност како што бара ДИК, туку судски документи може да корегира само судот. Шесто, не е точно дека доказ за неосудуваност е доставен надвор од рокот.

Ја користиме приликата да прашаме, зошто седумте Известувања на ДИК до НДМ за отстранување на неправилностите се пратени и за нас непознатата Т.П. како наводен подносител на листите и на тој начин документите за НДМ да се анализираат во некој друг партиски штаб?!-стои во соопштението на оваа партија и за утре најавуваат прес конференција.