Невработеноста во САД падна на 4,3 проценти и е најниска во последните 16 години

Невработеноста во Соединетите Американски Држави  е најниска во последните 16 години и се намали на 4,3 проценти, се наведува во најновиот извештај на Одделот за труд,пренесува Глас на Америка.

Во јули биле отворени 209.000 работни места, додека стапката на невработеност забележала благ пад и во моментов изнесува 4,3 проценти, се вели во најновиот извештај на Одделот за труд.

Во него се додава дека нови места биле отворени во рестораните, деловните услуги и здравствената заштита. Просечните примања за еден час работа се зголемиле за 9 центи и сега изнесуваат 26 долари и 36 центи.

Во извештајот сепак стои дека 7 милиони Американци се и натаму без работа, а други 5,3 милиони се обидуваат да најдат места со 8-часовно, или полно работно време, наместо скратено.