Независниот полициски синдикат на протест бара исполнување на ветеното

Независниот полициски синдикат денеска протестираше незадоволни од предлог буџетот на Владата за идната година.
Бараат исполнување на ветувањата за зголемување на платите.

Во врска со денешниот протест на Независниот синдикат на полицијата, реагираше МВР. Во реакцијата се вели дека МВР раководството на оваа институција е подготвено за разговор и изнаоѓање решенија за секое барање или предлог на синдикалните организации на полициските службеници и други вработени во институцијата.

,,По доаѓањето на актуелното раководство на МВР преземени се низа чекори за подобрување на условите за работа на вработените во Министерството. Во тек се конкретни активности за подобрување на стандардот на работење на полициските службеници, почнувајќи од набавка на основната полициска опрема како што се униформи и чизми, нешто што се нема случено скоро цела деценија.

Актуелното раководство на МВР досега ниту одбило каков и да е синдикален предлог, ниту пак има намера во решавањето на проблемите да ги исклучи полициските синдикати. Напротив, сметаме дека само заеднички можеме да дојдеме до најоптималните решенија. Ги покануваме претставниците на полициските синдикати на заедничка средба на која проблемите ќе бидат дискутирани, со цел тие да бидат решени“-се вели во реакцијата на МВР.

Видеото е преземено от ТВ 24