Незаконски субвенции за Боинг

 

Светската трговска организација соопшти дека субвенциите што американската сојузна држава Вашингтон и ги доделила на компанијата Боинг, се незаконски.

Државните субвенции биле доделени заради производство на комерцијалниот авион Боинг 777x.

Ваква помош е забранета бидејќи охрабрува користење само на домашни материјали, што претставува пореметување во трговијата .

СТО побара субвенциите да бидат укинати во рок од 90 дена.

Според процените, Вашингтон овозможил даночни олеснувања за Боинг во износ од 8,7 милијарди долари. Рокот за овие олеснувања е предвиден до 2040 година.

На ова реагираше друг светски производител на авиони Ербас, тврдејќи дека тие заради оваа нелојална конкуренција изгубиле 50 милијарди долари.