Неколку руски државјани протерани од Србија

Српскиот весник Данас пишува дека неколку руски државјани се протерани од Србија заради учество во заговор за подготвување терористички напади во Црна Гора.

Повикувајќи се на изјави на високи владини функционери, весникот додава дека не се знае со сигурност дали заради тоа рускиот секраетар за национална безбедност Николај Петрушев го посети Белград.

Владата официјално демантира и вели дека неговата посета е договорена пред актуелните случувања со апсењето на српски државјани обвинети за заговор во Црна Гора.

На денот на парламентарните избори во Црна Гора беа уапсени 20 српски државјани, а два дена подоцна и српскиот премиер Вучиќ на драмтична прес конференција зборуваше за заговор за дестабилизација на регионот во режија на странски служби.