Нема ни трага ни глас од бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски

На официјалната интернет страница на МВР во рубриката ,,Се бараат“, први на листата потраги по лица кои се наоѓаат во бегство, се двата клучни лика за неколку обвиненија за случаи на СЈО од предмети произлезени од прислушуваните разговори.

Поранешните оперативци и раководител на Петата управа во МВР, блиски соработници на Сашо Мијалков, пред неколку месеци ја напуштија Македонија, благодарејќи на одлуката на судии кои проценија дека нема потреба да им се изрече мерка притвор. Периодот на жалби и одлуки, двајцата обвинети за уништување на системите на прислушување, по наредба на Мијалков, избегаа, а според некои информации, Грујевски користи лажен идентитет.

Потраги

  • img

    Никола Бошкоски

    Бошкоски Никола т. Киро р. 18.02.1982 во Скопје каде и живее. Се бара по Наредба на Апелационен Суд Скопје во врска со истрага за кривични дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ чл. 353 ст. 5 в.в. ст.1 в.в. чл. 24 и , „Фалсификување службена исправа“ чл. 361 ст. 2 в.в. ст. 1

  • img

    Горан Грујeвски

     Грујевски Горан т. Радивој р. 13.10.1966 во Бихаќ, БиХ, живее во Скопје. Се бара по Наредба на Апелационен Суд Скопје во врска со истрага за кривични дела „Злосторничко здружување“ чл. 394 ст. 1, „Злоупотреба на службена положба и овластување“ чл. 353 ст. 5 в.в. ст.1 в.в. чл. 22, „Фалсификување службена исправа“ чл. 361 ст. 1 в.в. чл. 23 и  „Фалсификување службена исправи“