Нема плата, нема мир-продолжува штрајкот на новинарите од изданијата на МПМ

Со свирчиња и испишани пораки- Нема плата нема мир, Каде сте, Потпис не ви ставам, Немам ни за чоколада-и денеска, шести ден по ред , продолжи штрајкот на вработените во весниците Утрински весник, Дневник и Вест во организација и со поддршка на ССНМ.

Новинарите спроведуваат шестчасовен прекин на работата секој ден, но весниците излегуваат непречено и се обезбедува нормално информирање на јавноста.

И покрај тоа што платата за декември делумно е исплатена штрајкот продолжува, соопштуваат од синдикатот се додека не дојде до преговори со раководството на МПМ кое се уште ги игнорира повиците за средба.

Исто така , остануваат барањата за несплатени хонорарите, содржани во првото барање и во очекување на исполнувањето на другите два услова – исплата на јануарската плата и хонорари до 15 февруари, како и информација за плановите на менаџментот во следните 6 месеци, штрајкувачките одбори на Утрински, Дневник и Вест остануваат на одлуката за штрајк.