Нема решение за мигрантската криза

Уште еден Самит посветен на мигрантската криза во Европа заврши без решение и ставање крај на напливот бегалци низ Балканската рута. Иако таа официјилано е затворена, отогаш, пред шест месеци, па до денеска низ оваа трансвезала поминале 50 ооо илегални мигранти. Германската канцеларка Ангела Меркел, како што јавуваат повеќе светски медиуми, искажала разочарување и негодување заради неможноста на земјите кои се наоѓаат на патот на движење, да стават крај на илегалните преминувања.
Австрискиот канцелар Кристијан Керн, на прес конференцијата по завршувањето на самитот, рекол дека ги разбира критиките на Меркел, но додал дека доколку и ЕУ не биде поуспешна за решавање на прашањата од мигрантската криза и ако пропадне договорот со Турција, проектот за европско обединување ќе се најде под голем притисок.
Керн изјавил дека е невозможно херметички да се затворат сите граници долж Балканската рута, но дека мора да се направат дополнителни напори за да се обезбедат надворешните граници на Унијата.
На Виенскиот самит учествуваше и привремениот Премиер Емил Димитриев.