Несторовска: Бремени жени работат ноќе, инспекцијата не функционира

 

Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за спас на раководството на партијата ги кочат демократските процеси со блокадата на Парламентот, илјадници работнички и работници секојдневно се соочуваат со мобинг, уцени, закани, катастрофални услови за работа. И не можат да побараат помош бидејќи системот е блокиран!Доколку Македонија имаше функционална, а не блокирана држава, денес немаше надлежните органи да толерираат бремени жени да работат трета смена!

Форумот на жени на СДСМ укажува дека ова најгрубо кршење на Законот за работни односи, што децидно забранува бремени жени да работат ноќе! Немаше работнички да завршуваат во болница отруени од храна со бактерии. Тоа го покажува последниот случај во јавноста. И тој не е единствен.

Морара да се овозможи изборот на новата реформска Влада, којашто ќе ги заштити сите граѓани, меѓу нив и жените работнички од тенденциите на зголемено кршење на работничките права-изјави Магдалена Несторовска од Форум на жени на СДСМ.


Текстилни работнички работат од 12-15 часа дневно, без да им се исплаќа надомест за прекувремена работа. Во некои случаи воопшто не им се исплаќа плата со месеци! Се уценуваат жени и девојки да не планираат проширување на семејството, ако сакаат да го задржат работното место.

 

Новата реформска Влада ќе го зголеми бројот на инспектори за труд и инспектори за безбедност и здравје при работа. Да не се повторат примери на труења, или незаконски отпуштања. Државата е таа којашто треба да им овозможи на претпријатијата да се грижат за своите работници и да обезбеди почитување на законите за заштита на работничките права. Новата реформска Влада тоа ќе го направи-изјави Нестороска.