На маргините на Виенскиот економски форум, остварив неформална средба со актуелниот министер за надворешни работи на Австрија и мандатар за составување на новата австриска влада, Sebastian Kurz. Му ја честитав победата на неодамнешните парламентарни избори и му посакав успех во работата како иден канцелар на Австрија.

Австрија е најголем поддржувач на Македонија на патот кон интеграција во Европската Унија и исклучително важно и поволно е тоа што Австрија ќе биде претседавач со ЕУ во втората половина на 2018 година-напиша премиерот Заев на својот ФБ профил.