Нешто убаво: Река на лебедите во Марибор

Марибор, со своите познати скијалишта во околината, е омилена дестинација за туристи од целиот свет.

Меѓутоа, заради недостиг на снег, сега вниманието на туристите го привлекуваат многубројните лебеди кои безгрижно пливаат во реката Драва која минува низ Марибор.

Оваа река уште ја нарекуваат и Река на лебедите.

Чекајќи го снегот на Похорје, мариборскиот бел покривач сега се овие убави птици, пишува Ал Џезира.

 

Izvor: Al Jazeera