Изборната кампања за локалните избори се ближи кон својата средина, но има уште две недели до изборниот молк. Дотогаш, кандидатите за градоначалници ќе ги гледате секаде. Во вашиот сокак, во дворот или зад зграда ако се уште правите зимница, или пак пред вашата врата.

Затоа, барем наредните две недели, дури сте дома, бидете подготвени, за да не осамнете со виклери на глава или маица – синдикалка на некоја насловна страница.

Но, ќе издржиме….