Николовски: Иванов избега од државата и ги остави земјоделците на цедило

 

 

Љупчо Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ повика веднаш да се исплатат субвенциите за земјоделците.

,,Вистинското решение и излез од кризата е сепак Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за формирање на новата демократска и реформска Влада.

Не да бега од државата и да ги остава на цедило и земјоделците и цела Македонија, само за да му помогне на Груевски во заштита на криминалните и продолжување на оваа криза.

Досегашната власт во заминување нема капацитет да работи во интерес на граѓаните.

Министерот Цветков прво се оправдуваше дека требало да се направат измени на законите.

Откако стана јасно дека тоа не поминува, сега се оправдува со оставката на директорот на Платежната агенција“-рече Николовски.

 
,,Што правеа досега Платежната агенција и министерот во заминување, за земјоделство Цветков?

Зошто субвенциите не се исплатени како што е законски во текот на 2016-та, календарска година.

Зошто не се исплатени стотици милиони евра останати субвенции од претходните години, сето тоа можеше и мораше да биде направено досега.

Станува збор за субвенции што не им се исплатени и од 2016 година, но и субвенции којшто со години наназад не се исплатени!“-рече Николовски