Ник Кирјос кршеше рекети и пцуеше на УС Опен

 

 

На австралискиот тенисер Ник Кирјос тешко му падна елиминицијата уште во првото коло од Отворениот првенство наАмерика, УС Опен. Тој уште на стартот на турнирот е елиминиран од сонародникот Џон Милман кој e 235 место на АТП ранкингот, во четири сета (6:3, 1:6, 6:4, 6:1), но направи вистинско шоу на теренот во Њујорк.

Кирјос на почетокот од третиот сет побара помош од физиотерапевтот, но во продолжение на натпреварот ја расипа својата игра, па беше доста нервозен на теренот. Австралискиот тенисер во еден миг беше толку бесен на себе и неговата форма, што го сокрши својот рекет. Потоа беше предупреден и од судијата поради пцовките кои во нервозата излегуваа од него.

Со елиминација на стартот на американскиот тениски гренслем се соочи и Иво Карловиќ. Подобар од хрватскиот „бомбардер“ беше Американецот Бјорн Фратанџело кој славеше со 7:6, 6:4, 3:6, 7:6.

Одличен вовед на Ју-Ес опен забележа Дамир Џумхур. Најдобриот тенисер на БиХ се проби во второто коло по триумфот над Пабло Куевас, 27 носител и моментно 35 на АТП ранг листата, со 7:5, 7:6, 6:1.

Во првото коло беа елиминрани и Италијанецот Фабио Фоњини (22 носител) кој загуби од сонародникот Травалја со 6:4, 7:6, 3:6, 6:0, како и Французинот Ришар Гаске (26 носител) кој беше поразен од Аргентинецот Леонардо Маер со 3:6, 6:2, 6:4, 6:2.