Новак Ѓоковиќ од друг агол

Во интервјуто за австралискиот Tennis Smash, најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ одговараше на многубројни прашања, па и оние неповрзани со тенисот. Кој е Новак надвор од тениските терени, што сака, што не и кај себе и кај другите…
Еве некои од прашањата и одговорите:
1. Која е најголемата корист кога сте познат?
– Почитувањето што го добивате од луѓето.
2.Кои квалитети ги сакате кај другите луѓе?
– Искреност. Љубезност. Хуманост.
3. Што ве нервира најмногу?
– Неискреност. Песимистички поглед на животот.
4. Што најмногу сакате кај себе?
– Вообичаено не сакам да говорам за себе,но веќе кога инсистирате…оптимизмот.
5. Што не сакате кај себе?
– Доцнењето.
6.Каков совет ќе им дадете на помладите,кои се на почеток од својата кариера?
– Бидете стрпливи. Трпението е доблест.
7. Дали сте суеверни?
– Не.
8. Кое е вашето најголемо богатство?
– Синот Стефан.
9. Како сакате да ве паметат?
– Како добра личност, како некој што го искористил својот успех и постигнувања за да им помогне на другите.