Новак Ѓоковиќ се враќа на теренот

Бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ, се враќа на тенискиот терен со учество на турнирот во Шангај. По пропуштени два турнира, заради повреда на лактот, српскиот тенисер најавува дека со радост се враќа во Шангај, кој го освојува три пати досега.

Првиот меч ќе го игра со Фабио Фоњини, кој во првото коло го совлада шпанецот Рамос Винилос со 7:5, 6:3.

Ѓоковиќ има максимален учинок во дуелите со Фоњини, седум победи во седум натпревари. Италијанскиот тенисер успеал да му земе само еден сет во меѓусебните дуели и тоа на турнирот во Индијан Велс во 2014 година.

Неодамна Новак ја вознемири јавноста со изјавата дека веќе не му се приоритет освојувањата на турнирите , туку да ужива на мечевите.

,,Единствен начин да ја предвидам иднината е да ја создадам сам, а единствен начин да го направам тоа е да бидам во сегашноста, во моментот..Ова е најдобар начин на размислување за мене”- изјави српскиот тенисер пред стартот на Шангај.

Од 39 одиграни натпревари на овој турнир, Новак има победено во 38.

Новак Ѓоковиќ се уште е светски број 1 со 13.540 бодови, пред Енди Мареј кој му се доближи и има 9.845 поени.