Новак Ѓоковиќ ја заврши сезоната,ќе паузира 6 месеци

Најдобриот српски тенисер и актуелен број 4, до неодамна светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ во Белград објави дека донел одлука да паузира од терените 6 месеци. Практично тој до крајот на оваа тениска сезона ги откажува сите настапи на турнирите.

Со солзи во очите и длабоко емитивно, Новак соопшти дека морал да донесе таква одлука за да ги санира целосно повредите на својот лакт, кои ги влечка подолго време.