Новак Ѓоковиќ ја прекина соработката со Борис Бекер

Германскиот весник Билд објави дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја прекинал соработката со неговиот тренер Борис Бекер. Оваа одлука следуваше по затегнатите односи во тимот на до недоамна светскиот број еден во тенисот, кој по освојувањето на Ролан Гарос почна да губи на теренот и сега е на позицијата број два по шкотот Енди Мари.

– По три многу успешни години Борис Бекер и јас заеднички одлучивме да ја завршиме соработката. Се што поставивме пред нас како задача е исполнето и јас му се заблагодарувам за соработката и посветеноста- изјави Ѓоковиќ потврдувајќи ја веста на Билд.

-Од друга страна моите професионални планови се да ја одржам добрата форма на игра, да направам добар распоред и да си поставам нови задачи и во таа смисла ќе бидат сите мои наредни планови-изјавил Новак за српски медиуми.

Пред неколку денови Бекер изјави дека се би направил за Новак, но дека тој мора да одлучи дали и натаму ќе го вика во тимот неговиот психотерапеут шпанецот Имас, чие ангажирање воопшто не наиде на одобрување во остатокот од екипата на тенисерот.