Нова воена пресметка на владините сили и Талибанците во Авганистан

Најмалку 26 цивили, меѓу кои имало и деца, загинаа денес во нападите на владините сили на Авганистан во северната покраина Кундуз, соопштуваат официјални лица.

Американската војска која им дава поддршка на авганистанските вооружени сили, потврди дека во два одвоени инциденти загубила дваца војници, а дека уште двајца други се ранети.

Локалните власти најавуваат истрага за тоа што тргнало наопаку во нападите, што на крај резултирало со загинување на цивили.

Цел на нападите биле двајца високи команданти на Талибанците, кои загинале во воената интервенција, заедно со уште 63 други бунтовници.