Нова поетска книга од Лазаров на чешки јазик

Осум години по објавувањето на книгата поезија “Чехопек” во Чешка е објавена втора книга од македонскиот поет Ристо Лазаров. Објавена е стихозбирката “Лавиринт” во познатиот, долгогодишен формат на овој поет – седум циклуси по седум песни. Песните ги преведе на чеши академик Иван Доровски, кој е автор и на предговорот на книгата, како и на биографијата и библиографијата на Лазаров. Книгата има 130 страници, а ликовното решение на корицата на книгата е Дагмар Доровски.
Издавач на ова втора објава на поетска книга на Ристо Лазаров, кој инаку е член на чешкиот ПЕН центар, е угледната издавачка куќа “Теибуна ЕУ”.
Наскоро во Белград се очекува и објавување на најновата стихозбирка “Мрак” од Ристо Лазаров на српски јазик.

На фотографијата: Иван Доровски и Ристо Лазаров во Прага.