Новинарите на Утрински весник, Дневник и Вест стапуваат во штрајк

Вработените во весниците на МПМ „Утрински“, „Вест“ и на „Дневник“ стапуваат во штрајк. Тие и покрај јавните ветувања се уште   не ја добиле јануарската плата во предвидениот рок кој како услов му го доставија на менаџментот.

Според најавите, нема да работат 4 часа и со транспаренти ќе ја заобиколат канцеларијата на МПМ.

Според претседателката на ССНМ, Тамара Чусидис, штрајкот е уставно загарантирано демократско право на вработените, преку кој тие ги остваруваат своите работнички права, во случајот, правото за личен доход за месецот што измина. Барањата на Синдикатот не се исполнети, а дополнително, не само што не се воспостави комуникација со штрајкувачките одбори, туку тие се изложени и на  директни и индиректни вербални притисоци.

Во меѓувреме, медиумите се смени  сопственичката структура на МПМ, сопственикот на весниците.

Компанијата „Орка Холдинг“ излезе од сопственичката структура на „Графички центар ДОО“ која што е сопственик на Медиа Принт Македонија, издавач на неколку  медиуми.

Сопственици на МПМ преку „Графички Центар“ беа „Орка Холдинг“ водена од Јордан Камчев, „Мирекс Плус“ во сопственост на Срѓан Керим и „Интернет Инвестмент Груп“ во сопственост на Јана Станисављева.

Со оглед на тоа дека и ,,Интернет Инвестмент Груп“ го продаде својот удел во МПМ; засега како единствен познат сопственик се во Срѓан Керим.