Новинари од весниците на МПМ се оградуваат од кампањата за поддршка на Сеад Кочан

 

,, Јас поддршка не му давам ниту на Сеад Кочан, ниту на неговата телевизија, а за ова што се појави на насловните страници новинарите не знаат ништо. Верувам дека и тие нема да дадат поддршка за криминалот. Ниту сум против СЈО , уште помалку сум курир на Груевски! Оваа објава е штабска, а новинарите на МПМ ниту знаат , ниту ќе им дадат поддршка на оние кои се надвор од ЗНМ и ССНМ и кои збор не кажаа за нашите проблеми!“-реагира новинарот Љубиша Станковиќ.

,,Се оградувам од оваа перверзија. Оние што ја закопаа, да бараат слобода на медиумите..Каде беа досега?!“-реагираше на својот ФБ профил Гордана Дувњак, долгогодишен новинар во Утрински весник.

Ова се реакции на дел од новинарите откако ги видоа новите изданија на дневните весници во коишто работат.

Весниците во сопственост на МПМ на Срѓан Керим , Утрински Весник, Дневник и Вест, излегуваат со голема црна лента на насловната и со слоган-Слобода за медиумите. На тој начин Керим се приклучи кон кампањата во која се напаѓа СЈО и се брани Тв Нова во сопственост на Сеад Кочан, иако обвинението за незаконски стекнати 17 милиони евра се однесуваат на незаконско работење на ,,Трансмет“  и нема никаква врска со телевизијата.

Деновиве се врши силна кампања преку медиумите блиски до ВМРО ДПМНЕ со која се обидуваат да ја замајуваат јавноста дека Сеад Кочан, кој десет дена е во бегство и се бара со потерница, наводно е цел на СЈО заради ,,големата професионалност,,на неговата телевизија, а не заради криминал направен со неговата фирма ,,Трансмет“, тежок 17 милиони евра.

АКО.мк