Во емисијата ,,Српска Денес„ на РТ Република Српска,емитувана пред два дена, вработена, за која тамошните медиуми јавуваат дека е новинарка,се јави директно во емиисија на тема -работа на црно и праша дали гостите знаат дека токму во телевизијата во која седат сега, има повеќе вработени кои и по 8-9 години работат на црно. Таа самата кажа дека две и пол години работи како хонорарец.

На прашањето на водителот како се вика, новинарката одговори:

,,Јас сум ваша колешка, благодарам Марко што ми овозможивте да се јавам во програма„.