Новиот USB стандард ветува дупло поголема брзина на пренос на податоци

Промотерите на  USB 3.0 стандард,група на индустриски гиганти меѓу кои се Apple, HP, Intel i Microsoft, најавија дека наскоро се очекува да излезе новото USB 3.2 стандард, односно ново USB-C спецификација.

Неговата главна карактеристика е тоа што USB 3.2 допушта “сообраќај во повеќе ленти”, односно ја дуплира брзината на протокот на податоци.

Тоа значи дека ќе овозможи трансфер на поголемо количество податоци и со поголема брзина.
USB 3.2 ќе биде компатибилен со USB 3.0 стандардот и со сите останати пред него,а двоструките операции ќе работат и со актуелните  USB-C кабли, па нема да биде потребно постојаните кабли да се менуваат со нови за да се ужива во предностите на USB 3.2.

Сепак,најдобар начин корисниците да добијат повеќе од новиот USB стандард е да го користат сертификуваниот  USB-C кабел.