Нови снимки на интернет од прислушувани разговори

Се појавија нови снимки на интернет и тоа на ФБ страница, од прислушувани разговори во кои главни актери се повторно пратеничката Ермира Мехмети и високи функционери на ДУИ, Муса Џафери и Али Ахмети.

На својот ФБ профил се огласи и Мехмети.

ermira

Таа вели:
-,,..решив да кажам неколку зборови за нападот, затоа што се чини дека тие продолжуваат. Прво, трендот е јасен, со користење на методи на уредување програми, Ермира Мехмети стана синоним за морална изопаченост на нашето општество. Не е изненадувачки, во машко општество, каде владеат патријархатот и логиката на племенските општества.Таму мажот го има последниот звбор, а Ермира е пречка која мора да се елиминира…” – пишува Мехмети меѓу другото на својот ФБ профил.
За новите снимки деновиве пишуваат повеќе портали на албански јазик. Снимките се телефонски разговори меѓу Ермира Мехмети и Муса Џафери, како и на Мехмети со Али Ахмети. Таа тврди дека разговорите не се автентични, а гласот е на друга женска личност и се монтирани.

Ова не е првпат на интернет да се објавуваат прислушувани разговори кои наводно се водат меѓу Мехмети и Џафери и кои укажуваат на нивна врска која наводно е повеќе од пријателска.