Нови 30 дена притвор за Едмонд Темелко

Основен суд Скопје 1 му го продолжи приворот на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, за 30 дена.

Тој беше уапсен на 26 минатиот месец  во Скопје, но Темелко тврдеше дека дошол и сам се пријавил во полициска станица, бидејќи за него имаше и меѓународна потерница.

Темелко е обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.