Нов земјотрес во Италија

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди ноќва централна Италија.

Земјотресот бил со епицентар од педесетина километри југоисточно од Перуџа.

Потресот бил во 1.35 часот на длабочина од 10 километри што допринело до зголемено тресење на површината, пренесуваат новинските агенции.

Земјотрес со оваа јачина се смета за умерен, но може да предизвика значителна материјална штета.

Ова е четврти посилен земјотрес во последната недела кој го потресе овој дел на Италија.